КЛИМИ

Монтажа и сервис на сите видови клими односно разладни системи за простории. Имаме склучено договор за монтирање и сервис со повеќето фирми увозници на клими. Дополнување со фреон, чистење на надворешна единица и внатрешна единица. Промена на компресори, кондензатори и перки.

Вашата нова клима можете да ја набавите и преку нас. Ние ќе ја купиме за вас, во ваше име, вие само одберете модел и карактеристики, а ние ќе ви ја кажеме крајната цена со се монтирање на истата.

СЕЗОНСКИ ТРЕТМАН!

 

Единечна цена за третман на клима:

-хемиско чистење на надворешна единица
-дополнување и контрола на ниво на фреон
-контрола на исправност

хемиското чистење на надворешна единица, подразбира третман на делот што е од надвор, да се исчисти од талозите на прашина и маснотии. Тоа го правиме со специјално хемиско средство, кое хемиски ги отсртанува сите несакани и вишок на наслаги, маснотии и прашини, налепени на ладилникот, а потоа следи плакнење со мини вап, под висок притисок.Оваков тип на третман се препорачува да се прави редовно еднаш на една до две години, нај убав период за тоа е крајот на мај, почеток на јуни, поготово климите кои се изложени директно на високо фрекфрентни улици со многу возила или пак клими кои се користат и на греење. Хемискиот третман го продолжува векот на траење на климата и компресорот, бидејки валканиот ладилник и не доволното ниво на фреон го оптеретуваат компресорот, а тоа значи прегрејување на истиот. Секое прегрејување на компресорот си зима данок и дел од неговата исправност, доглотрајност и правилно работење.

 

 

Цената на оваа услуга варира и за секоја клима е различна, зависно од локацијата на која се наоѓа. Некои клими едноставно не сме во можност да ги переме на лице место, па затоа потребно е да се демонтираат и на посбно место (тераса или двор) де се истретираат хемиски. Резултатите се видливи веднаш, а во некои случаи дури и енергетската ефикасност се зголемува (во зависност од нивото на валканици врз ладилникот), па има луѓе кои тврдат дека после третманот, климата веднаш почнала подобро да лади или грее.

© KANO EKO SISTEMI 2009 | Сите права се задржани | Изработено од DOGON