А. Од каде неговата економичност во толкава мера?
Приодот кон загревањето на водата низ радијаторите е сосема поинаков од досегашниот метод. Во досегашната пракса, сите познати системи за парно греење (котли на нафта, струја, гас, мазут, дрва), значи сите ја греат водата ДИРЕКТНО , а кано системот не ја грее водата туку ја тера да САМАТА ДА СЕ ГРЕЕ т.е. да ослободи топлинска енергија триејки ги молекулите на водата еден од руг. Сличен е ефектот на триење на рацете (дланките) една од друга. Ако ги затриете една од друга ќе осетите топлина на нив.
|
|
|
Б. Какво е ова греење и што треба за него?
Овој систем е за радијаторско (парно) греење. Ова е котел кој е со многу мали димензии во споредба со другите котли, зафаќа премалку простор и е идеален за сите типови на простор за греење, било да е тоа стан, куќа, деловен простор, магацин, хангари и слично. Поради неговите неверојатно мали димензии го прави погоден за секаков вид на простор. Може да се монтира било каде во просторот (еден елемент во кујна, позади врата во ходник, во купатило до веш машината, под скали или помошниот-гостинскиот тоалет).
В. Дали може на постоечко парно да се монтира?
Без оглед дали имате веќе парно инсталација или не, како што е опишано веќе, овој систем е замена на постоечките котли, а тоа значи дека радијаторската инсталација не е специјална за него туку стандардно како и кај сите други. Дотолку битно е само да биде правилно изведена, без оглед дали се работи за надворешна инсталација, сокриена под кошулица или пак вертикална инсталција (вертикали за повеќе спратови). Тоа значи дека ако веќе имате поставено инсталација и радијатори КАНО системот може да се поврзе на таа инсталација, да се тргне постоечкиот котел и да се поврзе со инсталацијата или пак едноставно да се додаде на другите системи (и тие да останат во функција). Ако пак сте на топлификација може да се исклучи доводот од нив и на негово место да се приклучи КАНО системот



