Topic: Kano sistem - инсталиран во стан во Мичурин
Станот го купив со инсталирано парно од тип Руска подморница, но беше нефункционално (прегорени електроди). Во консултација со некои колеги и фирми - ми го препорачаа Леотерм (Ас термика), и таа фирма дојде, смени некои од деловите, но ми наплати прескапо и на крај радијаторите беа едвај млаки.
Потоа преку форумот Зазабава го пронајдов Кано, кој најпрофесионално дојде, не ми наплати за увид, и го досреди системот со минимален профит, а максимална услуга за мене.
И ден денес парното грее и го затоплува станот од 120 м2.