1

Topic: парно во ѓорче2-куќа од 200 квадрати

јас имам кано систем монтиран во 2003 година. она што можам да го кажам како искуство е следново:

имав електричен котел од 32 киловати. екипата од кано, дојдоа, направија увид, дадоа понуда (нешто искористија од постоечкиот котел, во принцип пумпата и експанзијата), јас ја прифатив дадената понуда, иако во почетокот бев скептик дека може да се направи некоја голема разлика во потрошувачка, но, нели идеме напред (или се трудиме) па така секој новитет е интересен. значи, после 7 ГОДИНИ користење, можам само да кажам дека нашава држава треба да инвестира во вакви мозоци како што е сопственикот на кано системи. уште во првото зимо, првите неколку месеци се уверив во вистината. сметките за струја беа скоро преполовени, односно, кога ќе ја издвоиш регуларно потрошената струја за по дома, киловатите за греењето се преполовија. јас плаќав со електричен котел баснословни суми. во декември и јануари ми се случувало и цела плата да ја дадам за сметката за струја, или да плаќам со кредитни картици...

уште еден момент морам да го посочам... таму кај што живеам јас, имаме страшно лоша струја. бидејки на кано системот има вградено волтметри, си ја следиме и знаеме колку е точно. порано знаевме дека е лоша, ама не знаевме колку лоша. да кажам само дека зимно време знае да падне и до 160 волти... се случувало машината за перење да нејке да работи, или фрижидерите да се отпуштат. ама парното на кано системи работи без никаков проблем, еве веќе 7-ма година. браво за алек, досега десеткратно ми се вратија парите инвестирани во овој систем...